Пашињан: Примирјето пропадна, направивме сè што беше до нас

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека примирјето што стапи во сила утрово во Нагорно Карабах, не се оствари.

Loading...

Од друга страна, Азербејџан денеска го обвини Ереван за ракетни напади врз градот Тертер.

– Јасно е дека уште еднаш не успеавме да го зачуваме примирјето. Не знам каква ќе биде реакцијата на групата од Минск, но ерменската страна стори се за да го почитува примирјето и армијата беше воздржана. Но, во вториот дел од денот можеме да констатираме дека не успеавме да го зачуваме примирјето, рече Пашињан во видео објавено на Фејсбук.

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степањан соопшти дека „азербејџанската армија денеска дури и го зголемила интензитетот на нападите, користи артилерија и тенкови, долж линијата на раздвојување во Нагорно Карабах.

Јасмина Тасевска


Leave a Reply