Партијата на Орбан го поддржа влезот на Шведска и Финска во НАТО

Сподели со своите пријатели

Владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе поддржи ратификација на влезот на Финска и Шведска во НАТО, соопшти пратеничката група на таа партија.

Loading...

Унгарските пратеници вчера го започнаа процесот на ратификација за влез на скандинавските земји во НАТО по неколкумесечно одложување, објави Ротерс.

Ваквата одлука уследи откако унгарскиот претседател Каталин Новак и владин претставник ги повикаа пратениците да ги поддржат предлозите за што поскоро прием на двете земји во НАТО.

„Тоа е сложена одлука, со сериозни последици, затоа е потребно внимателно размислување. Мојот став е јасен – во сегашната ситуација, приемот на Шведска и Финска е оправдан. Верувам дека Националното собрание ќе донесе мудра одлука штом можно“, напиша претседателот на Фејсбук, пренесува МТИ.

Унгарија и Турција се единствените земји-членки на НАТО кои допрва треба да ги ратификуваат барањата на Финска и Шведска за влез во Алијансата.

Две скандинавски земји аплицираа за влез во НАТО минатата година, по рускиот напад на Украина.

Тоа барање треба да го одобрат сите 30 членки на Алијансата, меѓу кои Турција има приговори за членството на Шведска, барајќи од Стокхолм прво да ги екстрадира во Анкара обвинетите за тероризам, потсетува Ројтерс.