Партиите се договорија: Катица Јанева е новиот специјален јавен обвинител

Сподели со своите пријатели

Актуелниот Јавен обвинител за Основен Суд Гевгелија, Катица Јанева, рано изутрина беше избрана за нов специјален Јавен обвинител. Јанева со изборот ќе има тешка задача, а тоа е процесуирање на предметите од аферата ПУЧ.

Loading...

Под силен меѓународен притисок од амбасадорите на ЕУ и САД Орав и Бејли, како и посредникот Ванхауте, работните групи по 15 – часовни преговори ги договорија измените на законот за јавен обвинител и ги прецизираа сите детали.

Неофицијално на состанокот ноќеска присутни биле и лидерите на СДМС Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Јанева беше избрана на последниот ден од истекот на договорот од Пржино за избор на специјален јавен обвинител.

Денес се очекуваат нови детали за тоа колку јавни обвинители ќе работат во тимот на Јанева како и изгласување на Законот за новиот обвинител.