Трауматизираната девојка на британскиот лекар кој беше убиен откако залутан куршум го погоди во главата додека лежеше во кревет раскажа се за трагедијата што го снајде.
Кетрин Шепард (25) очајнички се обидувала да го спаси своето момче Метју Вилсон (31), додека тие лежеле и уживале во својот стан во луксузното предградие Брукхејвен, Атланта. Но, момчето брзо ја изгубило крвта и, иако итно бил пренесен во болница, лекарот им подлегнал на повредите. Куршум од друга зграда влетал во неговиот стан, но целта не бил доктор Вилсон, верува полицијата.
– Бевме во кревет кога слушнавме пукање. Отпрвин имаше само неколку истрели, а потоа имаше повеќе и звучеше како некој да го испразнил целиот пиштол. Се свртев кон Метју и му реков: „Ќе повикам полиција“. Неговите последни зборови беа: „О, сигурен сум дека тие само се шегуваат“. Потоа повторно почнаа истрелите и потоа слушнав како некаква експлозија покрај креветот. Се сеќавам дека парче од ѕидот ме удри во ногата. Го вклучив светлото, погледнав наоколу, а Метју само падна пред мене. Видов дека е погоден во глава.
Кетрин веднаш повикала брза помош и се обидела да го запре крварењето со крпа додека го повикувала партнерот да не ја напушта.
Двојката се запознала кога Метју студирал на Државниот универзитет во Џорџија пред три години. Кетрин, е исто така докторка, изјави за Сан:
– Имавме врска на далечина. Беше одлично момче и навистина се сакавме. Беше фантастичен и имаше одлична смисла за хумор. И двајцата знаевме дека се најдовме. Знаевме дека ќе се венчаме и разговаравме за тоа каде ќе живееме и како ќе ги викаме нашите деца. Едноставно не ми се верува дека ова се случи.
Полицаецот Џејкоб Кисел, од полицискиот оддел во Брухејвен, рече:
– Се уште никој не е уапсен, но ова се третира како убиство. Првичната информација беше дека пукањето се случило на паралелна улица и моментално ги поврзуваме работите.