Паркирано ауди опожарено во Куманово

Сподели со своите пријатели

Паркиран автомобил марка „ауди“, сопственост на 22-годишно лице од Куманово вчеравечер бил опожарен во Куманово.

Loading...

– На 28.02.2023 во 21.55 часот во СВР Кумановo било пријавено дека на ул.„Бранко Богдански Гуцман“ настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Т.П.Ж.(22) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Никола Ивановски