Парк во Холандија како од бајките, во него има 800 видови лалиња (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Пролетта е во полн ек, па луѓето ширум светот посетуваат цветни паркови за да уживаат во благодетите на најубавото годишно време. Една од најпознатите такви атракции е ботаничката градина Кеукенхоф, интернационелн парк на цвеќето во Холандија кој датира од 1949 година.

Loading...

Сместен е скоро на самиот брег на градот Ласе, меѓу Амстердам и хаг, Кеукенхоф е најголемата градина во светот која содржи 800 видови лалиња по кои е познат овој регион.

Локалитетот исто така е населен и со полиња зумбули, нарциси, рози и ириси. Повеќе од седум милиони цвќиња цутат секоја пролет преку 32 хектари земјиште, правејќи го Кеукенхоф најпосакувана дестинација за сите љубители на цвеќето.

Паркот секоја година одновно тематски се уредува, а својата убавина на амбиентот ја дополнуваат старите повеќевековни стебла, каналите, водопади и фонтани.

Loading...

Ова живописно место е отворено само осум недели годишно, а за тоа време го посетуваат околу 800.000 посетители.

Инаку, лалињата пристигнале во Холандија од Отоманското царство, денешна Турција, во текот на 16 век. Подоцна во 1857 година во Холандија е донесено решение за надгледување на трговијата со цвеќе.

Започнало да се одгледува наменски, не само лалиња, туку и нарциси, зумбули, фрезии и други цвеќиња. На тој начин создале илјадници цветни орнаменти кои подоцна послужеле за создавање величенствени паркови, а сеченото цвеќе започнало да се извезува.

фото: Пиксабеј

Loading...

Leave a Reply