Париз „се дави“ во ѓубре поради штрајк на комуналците

Сподели со своите пријатели

На седмиот ден од штрајкот на собирачите на ѓубре, на улиците на Париз има околу 5.400 тони ѓубре, објави во неделата вечерта францускиот весник „Монд“, повикувајќи се на властите на градската општина.

Loading...

Ѓубраџиите штрајкуваат како дел од протестот поради пензиската реформа бидејќи и за нив е поместена старосната граница за пензионирање од 57 на 59 години.

Парижаните, иако загрижени за насобраното ѓубре и можната појава на стаорци, рекоа дека го разбираат незадоволството на собирачите на ѓубре бидејќи вршат тешка работа.

Синдикатите, дел од граѓаните и опозицијата се против пензиската реформа која подразбира поместување на старосната граница за пензионирање од 64, наместо од 62 години.

Оваа реформа претходно ја најави францускиот претседател Емануел Макрон, кој минатата година го започна својот втор, петгодишен мандат.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.