ПАРИ АНАЛИЗА: Колкави профити направија лабараториите лани?

Сподели со своите пријатели

Милионските добивки што приватните лаборатории ги направија за време на пандемијата, веќе ги нема.

Loading...

Две од петте најголеми лаборатории влегоа во минус, покажува анализата на Пари, направена во соработка со компанијата за деловни и бонитетни информации Таргет груп, и платформата БизнисМрежа.мк

Секако, приватните лаборатории и понатаму се значајна алка во здравствениот систем и речиси сите имаат склучено договори со Фондот за здравствено осигурување, па дел од нивните услуги се добиваат со партиципација, како и во државните клиники. Директно од граѓаните или преку префрлање од Фондот, петте најголеми лаборатории: АвиценаБиотекСинлабНикоб лаб, и Рамус лани оствариле вкупен приход од 12 милиони евра, додека во 2021 година, кога сѐ уште царуваше пандемијата, нивниот приход бил над 21.500.000 евра. Односно, 80 насто повеќе од ланската реализација.

Минатогодишното работење им донело добивки на Авицена, Биотек и Никоб лаб, но ги одвело во минус Синлаб и Рамус.

Приходи и добивки на лабораториите во 2022 и во 2021 година (во евра)

 

Загрозено работењето на Рамус и Синлаб?

Од податоците може да се забележи дека приходите на сите лаборатории се намалуваат, освен на Рамус, која во 2022 реализирала малку поголеми приходи отколку во 2021 година. Но, за разлика од тогаш, кога остварила и нето-добивка која била нешто над 10 проценти од приходите, годинава влегла во загуба. Во 2021 година приходите ѝ биле 528.000 евра, а добивката изнесувала 58.600 евра. Лани приходите изнесувале 550.000 евра, но евидентираната загуба е дури 250.000 евра. Бонитетните анализи покажуваат дека Рамус остварува поголеми парични средства во 2022 година во однос на 2021 година, како резултат на зголемените краткорочни кредити кои директно влијаат врз растот на парите.

Втората компанија која исто така остварила загуба е Синлаб. Во 2021 година имаше нето-добивка од 920.000 евра, при остварен приход од 3.800.000 евра. Сепак, со приход од 2.500.000 евра, во 2022 година заработи минусно салдо од 11.500 евра.

Loading...

Бонитетната агенција Таргет груп предупредува дека овој финансиски резултат (и покрај добивките од претходната година) може да го загрози натамошното нивно работење.

„Забележливо е дека Рамус Скопје и Синлаб Скопје немаат поврат на средства во 2022, поради лошите финансиски резултати остварени во текот на годината, односно поради нето-загубата. Компаниите кои остваруваат нето-загуба од работењето (Рамус Скопје и Синлаб Скопје) имаат и оперативна нето-загуба. Тоа значи дека не успеваат да остварат позитивна разлика помеѓу приходите од работењето и расходите од работењето. Ваквата состојба е особено значајна и ризична за компаниите, бидејќи означува дека немаат добивка од своето редовно работење. Сѐ понатаму земено предвид не ја менува состојбата, поради тоа што сите останати финансиски приходи и расходи имаат непостојан, односно времен карактер и не значи дека се повторливи и во наредните години. Од една страна тоа означува дека компанијата со остварената нето оперативна загуба го загрозува своето понатамошно работење“, оценија експертите од Таргет груп.

 Дел од лабораториите претерале со задолжувањето

Анализата на податоците покажува дека Рамус и Никоб лаб имаат голем процент на задолженост, така што тие се финансираат од туѓи извори на средства. Овој тренд бил присутен и во 2021 година. Останатите компании од листата имаат ниска задолженост.

Процентот на задолженост покажува колкави се вкупните обврски во однос на вкупните средства со кои располага компанијата. Притоа, кредитите се само еден дел од вкупните обврски.

 

 

Биотек и Авицена се задолжиле за да инвестираат

Од аспект на нетековни средства и инвестиции, забележливо е зголемен износот на обврски по заеми и кредити кај компанијата Биотек лабoраторија, при што најголем дел од кредитот/заемот е вложен во материјални средства, односно во постројки и опрема, потоа во градежни објекти, транспортни средства и поситни средства за работа.

Loading...

„Во Билансот на состојба најголема вредност на нетековни средства имаат компаниите Биотек лабoраторија и Авицена лабoраторија кои, главно, имаат вложено во материјални средства (најголем дел постројки и опрема, потоа транспортни средства, градежни објекти и поситен инвентар)“, анализираат експертите од Таргет груп.

Паричен тек на компаниите

Забележливо е дека речиси сите пет компании имаат намалување на своите парични средства во споредба со претходната, 2021 година, освен Рамус Скопје, која остварува зголемени парични средства на крајот на 2022 година во споредба со 2021 година, поради земените краткорочни заеми/кредити што директно влијаат врз зголемување на готовите парични средства. Од анализата на паричниот тек се забележува, исто така, дека паричниот тек од оперативни активности на компаниите во 2022 е негативен, што означува дека не се обезбедуваат доволно парични средства за да се финансира работењето на компаниите. Некои од компаниите овој недостаток го финансираат преку користење на сопствени средства од изминатите години (акумулирана добивка), а некои своето работење го финансираат преку заеми/кредити со поврзани или неповрзани страни. Единствено Рамус обезбедува позитивен паричен тек поради земените кредити како готовина.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/pari-analiza-kolkavi-profiti-napravija-labaratoriite-lani/