Легијата на слободата на Русија, паравоена доброволна единица која се бори против Владимир Путин, планира повеќе операции во Русија, изјави портпаролот на единицата Максимилијан Андроников за британскиот весник Обсервер.
„Во следниот месец ќе има уште изненадувања“, рече Андроников и додаде дека тоа ќе биде нивна трета операција.
После тоа, рече тој, ќе има четврта и петта операција. Имаме амбициозни планови. Сакаме да ја ослободиме целата наша територија“, додаде тој.
Легијата на слободата на Русија се состои од руски националисти кои се борат на страната на Украина во војната што започна на 22 февруари 2022 година.
Во мај и јуни, борците од Легијата, заедно со групата наречена Руски волонтерски корпус, учествуваа во нападите во рускиот пограничен регион Белгород во близина на Украина.
Според украинските разузнавачки служби, ваквите операции имаат за цел ослободување на областа од режимот на Путин.
Владата во Киев вели дека нема никаква врска со овие напади.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.