Паралелното паркирање ви е проблем? Погледнете го овој шампион во областа! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Маневарот за паралелно или странично паркирање многумина не го сакаат, особено кога автомобилот треба да се паркира во тесен простор. Ако влезете под погрешен агол, многу брзо ќе се фрустрирате. Некои паркираат без никакви проблеми, а не им пречат ниту погледите на минувачите или автомобилите што чекаат да продолжат да возат.

Loading...

Од Индија доаѓа пример на вистински експерт за странично паркирање. Не само што поголемиот миниван на Тојота го паркира без застој, туку тоа го прави на екстремно мал конзолен паркинг над канал.

 

 

Неговите вештини за паркирање ги снимила неговата сопруга од балконот и ги испратила до неговиот брат. Тој го испратил видеото до неколку пријатели и неколку дена подоцна видеото станало вирално.

Најдоброто нешто е што автомобилот не е во сопственост на овој многу вешт возач, туку тој го позајмува од пријател за работа. А, неговиот опис на работатата вклучува возење автобус и возење џип на тежок терен, па затоа паркирањето на Тојота не претставува никаков проблем за него.

Loading...

Leave a Reply