Папата Франциск патува во Бахреин

Сподели со своите пријатели

Папата Франциск од 3 до 6 ноември ќе го посети претежно муслиманското кралство Бахреин за да учествува на меѓународната конференција за дијалогот Исток-Запад, објави во средата Ватикан.

Loading...

Според најавата, Светиот Отец ќе отпатува на Арапскиот Полуостров за да учествува на Форумот за дијалог: Исток и Запад за хуман соживот.

Во 2019 година, Франциск го посети Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати, што беше прва посета на папата на Арапскиот Полуостров, а таму служеше и миса.

За разлика од Саудиска Арабија, 70 отсто муслиманското кралство Бахреин дозволува мала христијанска заедница – главно странски работници – јавно да ја практикува својата вера во две тамошни цркви.

Официјалните лица на Ватикан прво ја најавија посетата на Папата на Бахреин во авионот со кој се враќаше од Казахстан.

Ватикан не соопшти детали за форумот што ќе се одржи во среда во Бахреин.