Папата Франциск одржа миса во Скопје (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Централната програмска содржина од апостолската посета на Неговата Светост Папата Франциск на Република Северна Македонија, светата литургија се одржа на плоштадот „Македонија“, во присуство на највисоките претставници на државата, меѓу кои и претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и министри членови на Владата на РСМ, на дипломатскиот кор и на граѓанското општество.

Loading...

Пред илјадниците присутни верници од Католичката црква од земјата, од регионот и Европа, со светата миса чиноначалствуваше Папата Франциск, во сослужение со кардиналите и бискупите од Ватикан, како и од свештениците на Скопската Бискупија на Католичката Црква во Северна Македонија.

По читањето на делови од евангелијата на светите отци и по молитвите што се упатуваат од светата литургија за време на подготовката на светата причест, Папата Франциск до верниците ги упати пораките од омилијата, односно беседата во која истакна дека „Господ дојде за да му даде живот на светот канејќи нè да поминеме на еден нов хоризонт што доаѓа од Исус, Леб од небото, и кој порачува дека „кој доаѓа при Мене, нема да огладни, и, кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни“.

„Да кажеме силно и без страв: гладни сме, Господи… Гладни сме, Господи, за лебот на твоето Слово способно да ги отвори нашите затворености и нашите осамености; гладни сме, Господи, за братство каде индиферентноста, дискредитирањето, клеветењето нема да ги наполнат нашите маси и нема да го завземат првото место во нашиот дом. Гладни сме, Господи, за средби во кои твоето Слово ќе биде во состојба да ја издигне надежта, да ја пробуди чувствителноста, да го сочувствува срцето, отварајќи патишта за преобразување и обраќање“, порача Папата Франциск во беседата за време на светата црковна служба.

Loading...

Папата Франциск нагласи дека при секоја Евхаристија, света причест, Господ се прекршува и се дели и за нас, па, така, нè кани и ние да се прекршиме и да се поделиме заедно со Него:

„Да учествуваме во чудото на умножителот кој сака да стигне и да допре до секој агол од овој град, од оваа земја, од оваа земја со нежност и сочувство“, порача во својата беседа Папата Франциск за време на светата литургија во рамките на апостолската посета на Република Северна Македонија.

Папата Франциск на крајот од светата литургија ја изрази неговата лична благодарност за врвната организација на неговата посета на Република Северна Македонија. 

Leave a Reply