Вработените во зоолошката градина во Велика Британија беа принудени да одделат група од пет африкански сиви папагали и да ги тргнат од очите на јавноста, бидејќи ги пцуеле посетителите.
Зоолошка градина ќе лекува стрес кај слонови со марихуана
Според светските медиуми, папагалите биле донирани во зоолошката градина од пет различни сопственици, но пред да бидат изложени, тие поминале некое време заедно во карантин, каде што брзо научиле да пцујат, а меѓусебно се потикнувале да го прават тоа.
Освен најчестите, во нивниот речник можела да се најде било која друга замислена пцовка, вели директорот на зоолошката градина, Стив Николс.
По 10 години обидување, панди се спарија бидејќи во зоолошката нема луѓе
Иако посетителите најчесто ги сметале за забавни, па дури и им возвраќале поради можното негативно влијание врз децата, папагалите биле одделени и привремено преместени на локации што не се пред очите на јавноста за да се ослободат од пцуењето.