Зоолошка градина ќе лекува стрес кај слонови со марихуана

Сподели со своите пријатели

Зоолошката градина во Варшава објави дека ќе започне да им дава на слоновите медицинска марихуана, како дел од пилот-проектот што ќе тестира како тоа влијае на стресот и вознемиреноста што ги чувствуваат.

Loading...

Медицинска марихуана веќе се користи во некои делови на светот за лекување на кучиња и коњи, но ова е првпат некој да се обиде да им го даде на слоновите, велат ветеринарите кои го спроведуваат проектот, пишува „Гардијан“.

Тие истакнаа дека ќе се обидат да најдат нова природна алтернатива на веќе постојните методи за борба против стресот.

Стадо слонови во таа зоолошка градина неодамна изгубиле алфа женка, а нивото на стрес кај слоновите се мери со набљудување на нивните хормони, како и на нивното однесување.

Leave a Reply