Папа Франциск: Парите да се дадат за борбата против Ковид-19 ,а не за оружје

Сподели со своите пријатели

Папата Франциск денеска ги повика светските лидери парите за оружје да ги пренасочат за борбата против коронавирусот и да сторат се што е можно вакцините да ги добијат најсиромашните земји.

Loading...

По повод католичкиот светски Ден на мирот, што се слави на 1 јануари, папата го повтори својот повик за основање на светска фондација која парите за вооружувањето ќе ги искористи  за искоренување на сиромаштијата, јави Хина, повикувајќи се на британските медиуми.

Во годишната порака, насловена „Култура на грижата, како пат кон мирот“, традиционално папата им ја испраќа на шефовите на држави и влади и на меѓународните организации.

-Колку само пари се трошат на оружје, особено нуклеарното оружје, а можат да се искористат за поважни приоритети, како што се безбедноста на поединрцот, градење на мирот и интегралниот развој на човекот, борбата против сиромаштијата и здравјето, рече папата Франциск.

Тој додаде дека „глобалните проблеми, како што се пандемијата на коронавитусот и климатските промени, овие предизвици ги направија уште поочигледни“.

Католичката црква под водство на папата Франциск  зазеде поцврст став против нуклеарното оружје и повика на неговото целосно напуштање. Папата во 2017 година кажа дека државите не смеат да акумулираат такво оружје, дури и со јасна цел за одвраќање на непријателот.

-Колку храбра одлука ќе беше доколку се основаше светска фондација со парите потрошени за оружје и другите воени трошоци, со цел да се елиминира гладот ​​засекогаш и да се придонесе за развој на најсиромашните земји, рече папата Франциск.

Папата досега повеќепати го осуди „национализмот на вакцините“ и кажа дека најсиромашните земји не треба да бидат изоставени од борбата против коронавирусот.

Loading...

-Го повторувам мојот повик до политичките лидери и приватниот сектор да направат се за да се осигурат дека оние кои се најсиромашни и најранливи имаат пристап до вакцината против Ковид-19 и клучните технологии потребни за грижа за болните, рече папата.

Сашко Димевски

Leave a Reply