Панел – дискусија „Учам за подобра иднина” во ООУ „Христијан Карпош” (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Денеска во ООУ “Христијан Карпош” – Куманово се одржа мотивирачка панел – дискусија под наслов “Учам за подобра иднина”, организирана од страна на кабинетот на министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 година.

 

 

Оваа стратегија опфаќа повеќе приоритетни области: образование, здравство, вработување, борба против сиромаштија, култура, домување и унапредување на пристапот до документација, со посебен фокус на ромските деца во делот на образованието.

На едукативниот настан се обратија директорот на ООУ “Христијан Карпош” Слаѓан Спасовски, образовниот медијатор Ирфан Мартез, доктор по општа медицина Ресмија Асановска, која ја презентираше својата животна приказна. Раководителот на Сектор за образование Јовановиќ истакна дека образованието претставува клучен чекор кон успех и рамноправни можности во сите општествени сфери за секое дете.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Весна Петрушевска – лауреат на Денови на комедија 2025 (ВИДЕО)

 

 

Дискусијата ја проследија ученици од VI до IX одделение, родители, како и претставници од кабинетот на министерот без ресор.

Целта на оваа едукација е да се потенцира дека примарен поттик за младите Роми треба да биде образованието како долготраен процес на знаења и вештини за подобра иднина. Иницијативи од ваков тип покажуваат дека посветеноста и заедништвото се основа за инклузивно општество.