Панди во Кина добиваат резерват од 1,5 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Кина наскоро ќе стане побогаза со резерват за панди кој ќе биде двојно поголем од Националниот парк Јелоустон во САД.

Во изградбата ќе бидат вложени 1,5 милијарди долари, а резерватот треба да обезбеди заштита на пандите во југозападната провинција Сечуан.

Овој проект ќе ја зајакне економијата на Сечуан и ќе ги подобри условите за живот на пандата во тој планински регион.

РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА: Зошто пандите се црно-бели?

Loading...

Освен тоа, паркот ќе биде место каде сите љубители на панди ќе можат да уживаат по цел ден.

Се очекува дека резерватот годишно ќе привлече околи 20 милиони посетители.

Џиновската панда важи за неофицијална маскота на Кина, а овие животни некогаш живееле ширум јужниот и источниот дел на Кина, додека сега ги има само во шест планински ланци во провинциите Сечуан, Шанси и Гансу.

Leave a Reply