ПАНДЕМИЈАТА СТИВНУВА: Само 64 активни случаи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (31.05 – 06.06) бројот на нови случаи во Куманово е 19, а активните случаи во Куманово се намалени и нивниот број изнесува само 64 заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Loading...

Вкупно 19 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.

 

 

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубија пет лица.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во вторник и среда, по пет лица, а најцрн ден од изминатата недела според бројот на починати е вторник, кога како последица од компликации предизвикани од Ковид-19 починале двајца пациенти.

Досега оздравени во Куманово се вкупно 8.431 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Loading...

 

 

Вкупно 349 пациенти од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 8.844 случаи позитивни на коронавирусот со што е на второто место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје со 68.568 случаи.

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 670 случаи во целата држава. Пред Куманово во однос на активни случаи е само Скопје.

 

Loading...

 

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 155.417 случаи, од кои во моментот се активни 670. Излекувани се 149.292, а починати 5.455 пациенти. Стапката на излекувани изнесува 96,06%, а на смртните случаи 3,51%.

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk

Leave a Reply