Пандемијата ја чинела Данска над 16 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на пандемијата до првиот квартал на 2022 година, Данска потрошила околу 16,1 милијарди буџетски евра (120 милијарди круни) за борба против Ковид.

Loading...

Ова се наведува во извештајот објавен во понеделникот на данската државна агенција за статистика.

Потрошените пари за здравствените установи, кои ги покриваа трошоците за вакцинација, тестирање и лекување, сочинуваат 28 отсто од таа сума.

Од друга страна, пакетите за економска поддршка учествуваат со 68 отсто од тие расходи.

Во споредба со другите земји, Данска, со своите шест милиони жители, во голема мера се потпираше на тестирање во раните фази на пандемијата.

Тие тестови на крајот чинат околу 2,3 милијарди евра (17,8 милијарди круни) или повеќе од половина од парите потрошени за здравството.

Програмата за вакцинација чинеше околу 873 милиони евра (6,4 милијарди круни).