Пандемијата би можела да турне половина милијарда луѓе во сиромаштија

Сподели со своите пријатели

Епидемијата на коронавирус би можела да доведе половина милијарда луѓе да влезат во сиромаштија доколку не бидат преземени итни мерки за да се спасат сиромашните земји погодени од пандемијата, предупредува Оксфам.

Loading...

Невладината организација предупреди дека меѓу шест и осум проценти од светското население може да се соочат со сиромаштија, бидејќи владите затворија цели економии за да го спречат ширењето на коронавирусот.

Како Нов Зеланд го победи коронавирусот?

„Ова може глобално да ги натера земјите да се вратат 10 години во борба против сиромаштијата, 30 години во земји како што се субсахарска Африка, Блискиот исток или Северна Африка“, се вели во извештајот.

Оксфам предупредува дека повеќе од половина од светското население веројатно ќе падне под линијата на сиромаштија по пандемија.

Извештајот на невладината организација беше објавен пред состанокот помеѓу ММФ и Светската банка во април, како и состанокот на министрите за финансии на Г-20.

Leave a Reply