Панцирни зрна од топ пронајдени на Гутев рид

Сподели со своите пријатели

Панцирни зрна од топ вчера околу 10 часот биле пронајдени при ископ во близина на железничката станица во Куманово, поточно на месноства викана Гутев рид, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот веднаш бил пријавен во полиција од страна на педесет и осумгодишен Ј.П. од Куманово, вработен во Јавното претпријатие „Македонски железници“. Екипи на полицијата веднаш излегле на терен и утврдиле дека станува збор за две  две неексплодирани панцирни зрна од топ со калибар 75мм, кои се најверојатно од Втора светска војна.

Истите безбедно биле подигнати од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Куманово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.