Палестински олимписки комитет: Израел уби 47 спортисти за време на војната

Сподели со своите пријатели

Палестинскиот олимписки комитет го обвини Израел за убиство на 64 спортисти и други спортски работници во Газа, објави палестинската новинска агенција Вафа.

Loading...

Комитетот во соопштението рече дека „израелската машина за уништување“ убила 47 спортисти и 17 техничари и администратори за време на војната, рече Вафа во петокот.

Меѓу убиените е Јасмин Шараф, шестгодишна каратистка која сонувала да ја претставува Палестина на меѓународни натпревари, ја цитираше Вафа изјавата на комитетот.

Комитетот соопшти дека израелските бомбардирања погодиле бројни спортски објекти, вклучувајќи го стадионот на Програмата за развој на Обединетите нации, стадионот Беит Ханун, три коњанички клубови, бејзбол терен и неколку центри за боречки вештини.