Палестинците го славеа терористичкиот напад во Ерусалим

Сподели со своите пријатели

Палестинците на Западниот Брег и Појасот Газа го прославија синоќешниот терористички напад во кој загинаа седум Израелци, а тројца беа ранети во близина на синагога во источен Ерусалим, јавија израелските медиуми.

Loading...

Палестинските медиуми објавија дека се славело во градовите низ Западниот Брег, во Рамала, Наблус, Џенин, Хеброн, делови од Источен Ерусалим.

Видео снимката покажува огномет и истрели од огнено оружје. Возачите свиреа, палеа огнови и толпа луѓе скандираа на улиците.

Маскирани луѓе покажаа победнички знаци и делеа слатки во градот Хеброн на Западниот брег.

На неколку места низ Појасот Газа, Палестинците се собраа да го прослават нападот на, како што се вели, спонтани демонстрации, а некои излегоа од слаткарниците со големи послужавници со колачи.

Во центарот на градот Газа можеше да се слушне овации и извици „Господ е голем“.

По убиството на Израелците, портпаролот на Хамас, кој владее во Газа, Хазем Касем го пофали нападот, велејќи дека тој докажува дека „отпорот знае како да го најде вистинскиот одговор на израелските злосторства“.

И Исламски џихад го пофали масакрот, објавија израелските медиуми.

Loading...

Ниту една екстремистичка организација не ја презеде одговорноста за нападот.

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, покажа видеа од прославата и ја нарече одвратна, резултат на децениско поттикнување и омраза што светот ги игнорира.

Во нападот загинаа пет мажи и две жени на возраст од 60 и 70 години. Имињата на жртвите не беа веднаш објавени. Меѓу ранетите има и 15-годишно момче.

Напаѓачот бил убиен од полицијата откако побегнал од местото на нападот во населбата Нева Јаков.

Безбедносната агенција Шин Бет објави дека убиецот е 21-годишниот Алкам Каири од источен Ерусалим, кој претходно немал вмешаност во терористички активности.

Синоќешниот напад беше најсмртоносниот од 2011 година, кога напаѓачите влегоа во Израел од египетскиот Синајски Полуостров и убија осум Израелци.

Во палестински напад во 2008 година, вооружен напаѓач од Источен Ерусалим уби осум израелски ученици во верско училиште во Ерусалим.

Осуда за синоќешниот напад и сочувство излегоа од целиот свет, вклучувајќи ги САД, ОН, Обединетите Арапски Емирати и неколку европски земји.

Loading...

По посетата на местото каде што се случи масакрот, премиерот Бенјамин Нетанјаху го нарече еден од најтешките во изминатите години и нагласи дека мора да се дејствува решително и смирено и ги повика луѓето да не го земаат законот во свои раце.

Тој за денеска најави и седница на владиниот извршен комитет задолжен за безбедност и рече дека веднаш се преземени некои итни мерки.

Нападот се случи по почетокот на еврејскиот ден за одмор, Шабат, и неколкудневното насилство на Западниот Брег.

Тензиите драстично се зголемија од четвртокот наутро кога израелската армија уби девет Палестинци, повеќето членови на екстремистички организации и најмалку еден цивил, во рација против група екстремисти во бегалскиот камп Џенин на Западниот Брег.

Армијата објави дека рацијата во бегалскиот камп е неопходна за да се спречат плановите за напад на Исламскиот џихад.

Палестинските екстремисти истрелаа ракети од другата палестинска територија на Појасот Газа како одмазда, а Израел одговори со воздушни напади.