Палестина ја поздравува одлуката на Австралија за Западен Ерусалим

Сподели со своите пријатели

Палестинските власти изразија задоволство од потегот на австралиската влада да ја повлече својата одлука да го признае Западен Ерусалим како главен град на Израел.

Loading...

„Ја поздравуваме одлуката на австралиската влада да ја повлече претходната одлука за признавање на Ал Кудс како главен град на окупаторската земја Израел“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Палестина.

Беше посочено дека последната одлука претставува „позитивна корекција на позицијата на Австралија во согласност со меѓународното право и одлуките за меѓународна легитимност“.

Во соопштението се наведува и дека оваа најнова одлука на Австралија „обезбедува поддршка за напорите за враќање на мирот и преговорите меѓу Палестина и Израел“.

Се додава дека Министерството го поздравува апелот на Австралија за спроведување на принципот на решение со две држави.

Во соопштението се повикува и австралиската влада да ја признае државата Палестина, што би било конкретен пример за придржување кон принципот на решение со две држави.

Австралија ја повлече претходната одлука да го признае Западен Ерусалим како главен град на Израел, потврди во вторникот австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг.

„Австралија е посветена на решение за две држави во кое Израел и идната држава Палестина коегзистираат, во мир и безбедност, во меѓународно признатите граници. „Денес, владата го потврди претходниот и долгогодишен став на Австралија дека Ерусалим е прашање на конечниот статус што треба да се реши како дел од какви било мировни преговори меѓу Израел и палестинскиот народ“, рече Вонг.

Loading...

Владата на тогашниот австралиски премиер Скот Морисон објави во 2018 година дека ќе го признае Западен Ерусалим како главен град на Израел, но нема да ја премести својата амбасада од Тел Авив додека не се постигне мировен договор.

Во 2018 година, Вонг се изјасни и против одлуката на Морисон и рече дека лабуристите „не го поддржуваат едностраното признавање на Ерусалим како главен град на Израел“, објави во понеделникот британски „Гардијан“.

Во 2017 година, поранешниот американски претседател Доналд Трамп официјално го призна Западен Ерусалим како главен град на Израел, менувајќи ја повеќедецениската политика на САД на неутралност кон светиот град.

Европските сојузници исто така го критикуваа овој потег, предупредувајќи дека одлуката на САД ќе ги влоши односите меѓу Палестинците и Израелците, како и дека ќе предизвика немири во регионот.