Дваесет и осумгодишник од Куманово пријавил дека бил нападнат на Бит Пазар, каде добил и закани со огнено оружје.
– На 29.01.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Ф.А.(28) од Куманово пријави дека околу 14:00 часот пред продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, едно лице физички го нападнало, а двајца му се заканиле со огнено оружје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

