Палењето стрниште предизвика пожар на два хектари во селото Облавце

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Куманово и Старо Нагоричане се регистирани две интервенции, кога во близина селото Облавце е пријавен пожар кој се ширел на приближно два хектари, при што со пожар била зафатена сува трева, стрниште и 30 бали слама.

Loading...

Пожарот е локализиран во 13:40 часот со едно противпожарно возило и двајца пожарникари, а во гаснењето се вклучиле и жители на околните куќи.

На територијата на Куманово пак, вчера е регистрирана една интервенција,  и тоа во село Романовце каде што било запалено стрниште.

Пожарникарите на ТППЕ Куманово интервенирале од 1 час по полноќ до 02:20 часот со тројца пожарникари и едно противпожарно возило.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.