Паланчанец ја претепал сопругата, па и полицајците кои дошле да интеревенираат

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишен жител на Крива Паланка вчера си ја претеал сопругата, а потоа физички ги нападнал и полициските службеници кои дошле да интервенираат.

Loading...

– На 03.08.2021 околу 20.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка го лишиле од слобода Ж.Ј.(55) од Крива Паланка, затоа што физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга, а потоа и полициски службеници кои вршеле службени дејства, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply