Пакистанец татко на 35 деца бара четврта жена

Сподели со своите пријатели

Пакистанецот Сардар Јан Мохамед Кхилји (46) веќе има три жени, а сега бара уште една која би му помогнала да го оставари својот сон – да има 100 деца.

Тој е веќе родител на 35 деца, но смета дека тоа не е доволно. Вели дека му е должност како верник да има што е можно повеќе деца.

За „Дејли Мејл“ вели дека неговите три жени ја поддржуваат одлуката во нивниот брак да се приклучи уште една жена. пакистанецот последните две ќерки ги добил во размак од недела дена, а сите нови деца имаат помалку од 15 години.

Вели дека ретко се случува да ги заборави имињата на своите деца. Активистите кои се борат за човекови права велат дека баш децата и жените најмногу патат во полигамните бракови.

На Пакистанците им е дозволено да имаат до четири жени, со дозвола од првата сопруга и арбитража од судот.

 

Loading...