Пакистанец шверцувал Индијци низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Државјанин на Пакистан е приведен во кумановскиот реон откако полицијата открила дека тој превезува илегални мигранти од Индија.

Loading...

– Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе известување против С.Х.(26) од Пакистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти “ по член 418-б од Кривичниот законик. На 06.11.2021 во близина на селото Речица, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот затекнале група од 14 лица мигранти од Индија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според изјавите што ги дале, тие му платиле на С.Х. за да им помогне илегално да ја преминат границата помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија и да ги однесе до Република Грција.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор.

Никола Ивановски