Пакистанци насилно држале Авганистанци во заложништво во селото Ваксинце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишниот А.Б. државјанин на Пакистан заедно со уште четири засега непознати лица од истата земја држеле во заложништво двајца Авганистанци, барајќи нивните семејства да им испратат пари, информираат денес од Министерството за внатрешни работи.

Пријавените во напуштена куќа во селото Ваксинце, Општина Липково, четири дена насилно држеле две лица од Авганистан. Истите со употреба на физичка сила изнудиле од страна на нивните семејства да им бидат исплатени по 1.500 евра преку Вестерн Унион.

По ова сторителите продолжиле да вршат притисок и барале да им бидат доставени дополнителни парични средства, а на 20.02.2016 година со остар предмет им биле нанесени повеќе убодни рани по телото на државјаните на Авганистан.

Секторот за внатрешни работи им поднесе кривични пријави под сомневање дека сториле кривично дело „разбојништво“.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.