Пахор: Србија е под голем притисок да спроведе санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Србија е под голем притисок да ги спроведе санкциите на западниот блок и ЕУ против Русија, но процесот на нејзино членство во ЕУ продолжува, изјави претседателот на Словенија, Борут Пахор, во Анкара.

Loading...

Пахор се залага за за забрзување на процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и кој, како што вели, од почеток го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој во моментов не постои.

Пахор во интервју за агенцијата Анадолија рече дека придава значење на членството во ЕУ за да покаже на чија страна се сите земји, вклучително и Србија.

„Ако Србија одлучи да заземе друга страна, иднината на Република Српска во Босна и Херцеговина може да добие поинаков моментум“, предупреди Пахор.

Тој посочи дека сака што поскоро да ги види сите земји од Западен Балкан во ЕУ.

„Единствено решение е да се забрза процесот за членство во ЕУ. Мислам дека ЕУ треба да стори повеќе. Сличен процес гледаме и во односите меѓу Косово и Србија, како и во тензиите меѓу одредени етнички групи во Босна и Херцеговина, каде со загриженост се очекуваат избори. Долгорочно, единствениот начин да се решат овие проблеми е да се забрза процесот за членство во ЕУ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската унија

Зборувајќи за односите меѓу Белград и Приштина, Пахор рече дека го поддржува дијалогот меѓу „Косово и Србија од самиот почеток“.

„Тоа е тешко прашање, но во моментов има голем проблем со довербата меѓу страните. Во контакт сум со двете страни и гледам колку е тешко со таа недоверба. Неодамна бевме сведоци на настан за кој стравуваме дека ќе расте уште повеќе. Ако нема силен дијалог, секогаш постои ризик да се случат такви настани кои би можеле да ги зголемат тензиите. Моментално нема силен дијалог“, рече Пахор, додавајќи:

Loading...

„Се обидувам да ги охрабрам страните да дадат се од себе бидејќи мировниот договор меѓу Белград и Приштина е важен не само за мирот и стабилноста на двете земји, туку и за целиот регион“, рече Пахор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската унија

Смета дека слично забрзување треба да има и кога е во прашање влезот на Босна и Херцеговина во НАТО.

„Сакам Босна и Херцеговина да стане следната членка на НАТО. Членството на Босна и Херцеговина во НАТО е важно за промената на трендовите на Западен Балкан“, рече тој.

Претседателот на Словенија вели дека работи и на тоа Босна и Херцеговина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ до крајот на годината и ја истакна важноста од започнување преговори меѓу Северна Македонија и Албанија за Западен Балкан.

Тој оцени дека има толку можности колку што има проблеми на Западен Балкан.

„Регионот или ќе оди на едната или на другата страна. Во овој момент, активностите на НАТО се од големо значење. Доколку се продолжи со чекањето, Западен Балкан ќе биде уште повеќе изложен на Русија и може да има проблеми“, рече Пахор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската унија

Тој се осврна и на стратешкото значење на Турција и посочи дека тоа е многу важно.

„Тоа е и геополитички многу важно. Фала му на Бога што Турција е членка на НАТО. Придавам важност и на иднината на НАТО, како и на фактот дека Турција, Шведска и Финска потпишаа договор за членство на двете земји. – додаде Пахор.

Loading...

За војната во Украина, Пахор рече дека е задоволен од духот на единство што го покажа Западот кон оваа војна.

„Мислам дека направивме грешка по анексијата на Крим. Имаше некои санкции, точно, но тоа е се. Тоа не беше радикален пакет санкции. Тоа беше погрешен сигнал до (рускиот претседател Владимир) Путин дека ако го направи тоа што сака може да добие незначителни последици.Затоа сакавме оваа грешка да не се повтори на 24 февруари“, рече меѓу другото Пахор.