Падна и Јутуб: Видео сервисот не функционира

Сподели со своите пријатели

Најголемата видео платформа во светот Јутуб моментално се соочува со проблеми во функционирањето.

Loading...

Дококу се обидете да и пристапите на платформата преку вашиот компјутер ќе добиете порака „Something went wrong“, а корисниците не можат да пристапат ниту од мобилната апликација.

Засега нема официјално соопштение за што станува збор од Гугл, компанијата која го поседува Јутуб, но преку сајтот DownDetector во последниот час се пријавени низа проблеми од над 60.000 корисници ширум светот кои не можат да пристапат до услугите на Јутуб.

Само за потсетување минатата недела неколку часа надвор од функција беа Месинџер, Фејсбук и Инстаграм.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *