Падн пешачки мост во Финска: Десетици повредени, меѓу нив и многу деца

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 25 лица, повеќето деца, се повредени при уривање на пешачки мост во финскиот град Еспо, недалеку од главниот град.

Loading...

Една од болниците во Хелсинки соопшти дека повредени се претежно деца, кои биле дел од училишна група.

Најмалку пет лица останале да лежат на земја и не се знае нивната состојба.

Непозната е и состојбата на повредените деца кои се пренесени во болниците низ Хелсинки. Досега со возила на брза помош во здравствените установи се пренесени 15 лица.

Несреќата се случила околу 9 часот и 30 минути, а мостот излетал на коловозот и пешачката патека.

Очевидци велат дека се слушнал страшен звук пред да се урне конструкцијата на мостот.

„Имаше нешто како завивање, а потоа и вресок“, изјави еден од очевидците.

Оттаму посочуваат дека на местото на настанот брзо пристигнале екипи на итната помош, вклучително и спасувачки хеликоптер.

Loading...

Според неофицијални информации, последните недели се работи на уривање на станбена зграда во близина на мостот.

Не се знае дали тоа некако придонело за уривање на конструкцијата на пешачкиот мост.