Пад на температурите и ветер до 90 километри на час

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо, во планинските региони претпладне со појава на локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина и над 80 км/час. Утринските температури ќе се движат од 12 до 19 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 21 до 27 степени целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време, со драстичен пад на температурата но и силен ветер од северен, односно северозападен правец кој ќе достигнува и над 40 километри на час. Максималната дневна температура ќе достигне до 22 степени, а во текот на ноќта ќе се спушти на 10 степени целзиусови.

Утре ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина и над 90 км/час.

Дневните температури ќе бидат значително пониски во однос на денешниот ден. За време на викендот времето ќе биде стабилно, но во сабота се уште со повремено засилен северен ветер.

Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура ќе продолжи постепено да расте.