Пад на температурите и обилен дожд во следните 24 часа

Сподели со своите пријатели

Во Македонија денес се очекува умерено облачно утро, со можен повремен дожд во југозападниот дел од земјата во претпладневните часови и температура до 24 степени во северниот регион, и малку потопло на југоисток.

Loading...

Попладне, а особено во текот на вечерта врнежите ќе се интензивираат во поголем дел од западот, пред се во југозападниот дел од земјата. Врнежите ќе продолжат и во четврток, повторно со акцент на интензитетот во југозападниот крај, јавува Метеопро.

За утре, се очекува обилен дожд кој ќе започне од вечерва па се до втората половина од четврток. Во планинскиот дел од западот, пред се во југозападниот крај, можно е да наврнат количини на воден талог и над 40 литри на метар квадратен.

Извор: Метеопро