Времето денеска ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Како што најавуваат синоптичарите минималните температури ќе се движат од 12 до 19, а максималните ќе бидат во интервал од 28 до 36 степени. УВ зрачењето ќе биде високо, со индекс 9.
Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2) локално во форма на невреме со појава на град и силен ветер.
Заради северниот ветер ќе има пад на температурите за 6 до 8 степени.