Пад на цената на нафтата по конфликтот меѓу Иран и Израел

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтата нагло паднаа откако Иран му возврати на Израел за претходниот напад врз неговиот конзулат во Сирија.

Loading...

Суровата нафта од типот „брент“, клучен репер за меѓународните цени на нафтата, беше пониска, но утрово сепак се тргуваше близу 90 долари за барел.

Цените веќе пораснаа во пресрет на акцијата на Иран, а нафтата од типот „брент“ минатата недела се приближи до највисокото ниво во последните шест месеци.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека конфронтацијата со Иран „се уште не е завршена“.

„Јасно е дека пазарот на нафта во овој момент не гледа потреба да се разгледа каква било дополнителна закана за снабдувањето“, рече енергетскиот аналитичар Вандана Хари.

Нафтата „брент“ може да падне под границата од 90 долари, но значително повлекување е малку веројатно бидејќи трговците остануваат фокусирани на ризиците поврзани со конфликтите во Газа и Украина, додаде таа.

Аналитичарите, исто така, рекоа дека одговорот на Израел на нападот ќе биде клучен за глобалните пазари во наредните денови и недели.

Мислам дека ќе видиме природна нестабилност.

Loading...

Иран во текот на викендот лансираше беспилотни летала и проектили кон Израел, откако вети одмазда за нападот на 1 април врз неговиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск.

На крајот на минатата недела цената на нафтата од типот „брент“ достигна 92,18 долари за барел, што е највисока од октомври, пред да се врати на 90,45 долари.

Иран е седми најголем производител на нафта во светот, според американската Администрација за енергетски информации, и трета по големина членка на нафтениот картел ОПЕК.

Аналитичарите велат дека клучното прашање за идните цени на нафтата е дали тоа ќе влијае на транспортот низ Ормутскиот Теснец.