Пад на бројот на починати во Шпанија

Сподели со своите пријатели

Во Шпанија се бележи пад на дневната бројка на смртни случаи во споредба со вчерашните податоци.

Министерството за здравство објави дека 683 лица починале во последните 24 часа од коронавирусот, за разлика од вчера кога починале 757, пренесува „Ел Паис“.

Loading...

Италија подготвува намалување на рестриктивните мерки

Досега, вкупно 15.238 луѓе починале од вирусот во таа земја, а 52.165 се излечени.

Шпанија бележи 152.446 потврдени случаи на инфекција со Ковид-19.

Можноста за продолжување на вонредната состојба до 26 април

Планетата стана побавна: Поради тишината се „слушаат“ и потресите

Премиерот Педро Санчез се залагаше во парламентот за продолжување на вонредната состојба до 26 април, бидејќи овие мерки очигледно успеваат да ја стават пандемијата „под контрола“.

Од друга страна, тој рече дека Шпанија наскоро ќе започне со ублажување на мерките за ограничување, што се воведени како реакција на пандемијата на коронавирус.

Пандемијата би можела да турне половина милијарда луѓе во сиромаштија

Loading...

„Постигнавме врв и сега почнува падот“, рече Санчез во скоро празниот парламент.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *