Пад на бројот на нови случаи изминатата недела во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (15.11 – 22.11) бројот на нови случаи во Куманово е 115, а активни во Куманово се 294 случаи, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Loading...

Вкупно 148 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела што е намалување ако се земе предвид дека неделата претходно бројот на нови случаи изнесувал 148.

 

 

Намалување се бележи и кај бројот на активни случаи, кои на минатонеделниот пресек биле 360, а денеска се 294.

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле седум лица од Куманово и Липково, односно две помалку споредбено со неделата претходно.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во вторник, вкупно 24.

Loading...

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 12.755 случаи позитивни на коронавирусот.

 

 

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 8.535 случаи во целата држава.

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 212.220 случаи, од кои во моментот се активни 8.535. Оздравени се 196.249, а починати 7.436 пациенти.

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство

Loading...