Озогласениот лидер на мексикански нарко картел доби 60 години затвор

Сподели со своите пријатели

Еден од најбараните криминалци во Мексико и водачот на озлогласениот нарко картел Хозе Антонио Јепез, попознат како Ел Маро, е осуден на 60 години затвор, соопштија синоќа од мексиканското државното обвинителство.

Ел Маро е обвинет за организирање кражба на гориво и поттикнување на нагло зголемување на насилството во централната држава Гуанахуато, пренесува Торонто Сан.

Државното обвинителство во Гуанахуато преку Твитер објави дека регионалниот суд „него и неговите соучесници и сторителите ги прогласи за виновни за злосторства за киднапирање“.

Тој беше уапсен во 2020 година во голем напад врз мафијата и мексиканските картели на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Тој беше на чело на картелот Санта Роса де Лима со седиште во Гуанахуато, кој во последните години интензивно води крвава војна со картелот Нова генерација Халиско, еден од најмоќните и најкрвавите мексикански криминални кланови.