Овој украински град е постојано бомбардиран. Зошто им е толку важен на Русите?

Сподели со своите пријатели

Западно од Киев, главниот град на Украина, се наоѓа градот Житомир, кој е под постојано бомбардирање од почетокот на руската инвазија.

Loading...

Во нападите загинаа голем број цивили, а многу жители останаа без покрив над главата.

 

Украинските сили го гранатирале рудникот Засјадко во Доњецк, 83 лица биле под земја

 

Зошто Русија толку жестоко го напаѓа тој дел од Украина и зошто Житомир им е толку важен?

Градот Житомир пред војната имаше 280.000 жители, а сега е клучна точка во логистичкиот и хуманитарниот коридор, изјави за Би-Би-Си градоначалникот на Житомир, Серхиј Сухомлин.

Напади на станбени и индустриски објекти

Loading...

Помошта од Европа преку Житомир се доставува до Киев и понатаму на исток, а бегалците патуваат во спротивна насока.

„Со цел да го заплашат Житомир, Русите напаѓаат и станбени и индустриски згради, таргетирајќи ја инфраструктурата“, додаде тој.

 

Кои земји увезуваат најмногу нафта од Русија?

 

Од бомбардирањето беа погодени и снабдувањето со вода и гас. Но, градоначалникот вели дека локалните служби успеваат да ја поправат големата штета, обезбедувајќи поголемиот дел од градот да има вода и греење. Тој додава дека градот има резервен извор на вода кој ќе се користи во вонредни ситуации.

Постојаните напади на градот принудија многумина да побегнат, или во западна Украина или во други земји. Но, во исто време, самиот регион Житомир обезбедува засолниште за евакуираните од источните региони. Многумина сега го користат како транзитна точка пред да се евакуираат на друго место.

„Земјата се затресе“

Loading...

Житомир се обидува да достави помош и до градовите и селата лоцирани северозападно од Киев, кои се под силен напад. Руските сили прават се за да ги отсечат патиштата што ги поврзуваат Киев и Житомир.

 

Рускиот „крал“ на јаглен и ѓубрива предупредува на глобалната криза со храна поради војната во Украина

 

Постојаното бомбардирање сериозно влијае на населението на Житомир. Една жителка на градот, Нина, изјави за Би-Би-Си дека во текот на првата недела од борбите, нејзината улица, во која главно се сместени приватни куќи на приземје, била целосно уништена.

Тројца нејзини соседи загинале, а десетици биле повредени. Била бомбардирана и локалната болница, што значеше дека пристапот до медицинска нега е ограничен.

Нина наведува дека бомбардирањето звучело како авионот да слетал многу ниско.

„Земјата се тресеше. Како не можеа да ги видат како бомбардираат населено место?

Loading...

Во областа Житомир има и воена база, па можно е да била цел на руски напади, но таа база е многу далеку од домот на Нина, кој бил уништен. Нина го напуштила Житомир и се упатила кон Полска.

 

Кадиров им порача на Украинците: Предадете се или ќе ве погубиме

 

Што ќе се случи следно?

Житомир и регионот се подготвуваат за можен директен напад од Белорусија. Неколку дена се известуваше дека постои можност за директна копнена офанзива. Белорускиот претседател Александар Лукашенко, без докази, тврди дека Украина се подготвува да ја нападне неговата земја.

Loading...

Градоначалникот на Житомир наведува дека нема време да одговори на обвинувањата на белорускиот претседател, но нагласува дека градот е добро заштитен од копнена офанзива.