Овој пламен не успеал никој да го изгасне: Гори веќе 4.000 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јанар Даг, планина која гори, една е од најфасцинантните атракции во Азербејџан, со десет метри долг и три метри висок пламен кој никогаш не се гасне. Ниту дожд, ветер, ниту сне, не успеале да го изгаснат веќе 4.000 години, вели водичот Алијева Рахила за CNN.

Loading...

Како последица на на богатите резерви со природен гас, кој понекогаш низ пукнатините во земјата бега на површината, Јанар Даг се наоѓа на полуостровот Абшерон и веќе илјадници години го привлекуват вниманието на посетителите, туристите и патниците.

Венецијанскиот истражувач Марко Поло пишувал за овој мистериозен феномен додека миувал низ земјата во 13 век. И други трговци на Патот на свилата ширеле приазни за пламенот од земјата.

Поради тоа Азербејџан го има добиено името „Земја на огнот“.

Слични пламени биле прилично чести во Азербејџан, но биле изгаснати затоа што предизвикувале пад на притисокот на подземниот гас, па ја отежнувале комерцијалната екстракција на гасот.

Сепак, Јанар Даг останал да гори.

Низ историјата играл и клучна улога во древниот зороастризам, кој е основан во Иран, но доживеал процут на просторот на Азерјбејџан во првиот милениот пред новата ера.

За верниците на зороастризмот огнот е врска меѓу човекот и натприродниот свет, преку кој може да се зацврсти духовноста и да се стекне мудроста.

Loading...

Огнот прочистува, одржува живот и е клучен дел од верата.

 

Leave a Reply