Неодамна овој галеб стана вирален бидејќи украл повеќе од 17 килограми грицки од мала продавница во британскиот град Пејгтон.
Според весникот „Метро“, овој „злосторник“ го снимил локален жител, а на видеото се гледа како птицата претпазливо оди, чекајќи да се отвори автоматската врата, а потоа се искрадува во потрага по плен.
– Го видов како влегува неколку пати. Овој пат ми се качи на хаубата од колата и почнав да снимам. Знаев дека нешто подготвува. Скокнал и почнал да џвака мастика од подот, а потоа влегол во продавницата и истрчал со пакет Мини Чедар – изјавил Лиам Браун, авторот на видеото.
Според еден вработен, галебот обично поминува низ продавницата околу три пати на ден и се проценува дека украл околу 17 килограми грицки за една година, иако бројката може да биде и поголема.
– Тоа е честа појава. Мислиме дека е истиот галеб – објаснил еден работник.
Shoplifting seagull caught on camera while stealing Mini Cheddars from Tesco pic.twitter.com/Y8KZEwx9p1
— The Independent (@Independent) May 18, 2022