Овој човек со помош на корпа за отпадоци фати алигатор (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мажот од Флорида, Јуџин Бози, видел алигатор и одлучил да земе корпа за отпадоци за да го фати. Мислел дека алигаторот или ќе влезе во кантата за ѓубре или ќе побегне.

Loading...

„Откако влезе, го однесов и безбедно го пуштив во вода“, рече Јуџин за Фокс 35 Орландо.

Кога алигаторот влегол во корпата за отпадоци, човекот ја турнал до работ на брегот. Ја шутнал кантата и побегнал , алигаторот сам извлегол.

 

 

“Тој беше потежок отколку што мислев. Кога влезе во кантата, сфатив дека е многу силен. Се чувствував како да има некој човек внатре и го удри горниот дел од кантата за да избега. Чекав да се смири”. Рече Јуџин ..

Ловецот на диви животни Исак Ремпе вели дека Јуџин со оваа акција ги ставил себеси и другите во опасност.

Loading...

„Сум видел неколку пати како алигатор заобиколил канта или под неа, а алигатор со таква големина лесно ќе ве совлада, ќе ве гризе за ногата, стапалото или ќе предизвика екстремно тешки повреди“, рече Исак.