Првата невидлива скулптура во светот е продадена, и тоа по вртоглава цена.
Скулптура наречена „I am“ (во превод, јас сум) од Салваторе Гарау беше продадена за 15.000 евра на аукција во Италија.
Скулптурата мора да биде сместена во приватна куќа (да, иако не постои) во непречен простор со димензии 2,25 квадратни метри, според упатствата што доаѓаат со невидливото дело.
Почетната цена на скулптурата била 6.000 евра, но аукцијата резултирала во повеќе од двојно од износот.
Купувачот само физички ќе добие потврда за сопственост на скулптурата, бидејќи таа, всушност, не постои.
„Делото има историско значење и претставува совршена метафора на денешницата. Таа е целосно невидлива и како таква не може да се репродуцира на интернет и е излишно да се спомене дека делото на Гарау нема негативно влијание врз животната средина”, стои во описот на делото „Јас сум“.
„Празнината не е ништо друго освен простор полн со енергија, па дури и ако го испразниме и ништо не остане во него, според принципот на Хајзенберг, ништо нема своја тежина“, објасни Гарау.
World’s First Invisible Sculpture Sells for a Whopping $18,000 – https://t.co/a39VWuoiXl
An invisible sculpture by Italian artist Salvatore Garau that was recently acquired by a private collector who paid a whopping 15,000 euros pic.twitter.com/gdz5sPqMK9
— Absolute General News (@LoonyPics) May 29, 2021