Овие уреди се најголемите убијци на романтиката, држете ги надвор од спалната соба

Сподели со своите пријатели

Автор на научни и медицински истражувања др. Стјуарт Фаримонд вели дека држењето мобилен телефон во спалната соба не само што го попречува нашиот ритам на спиење, туку и негативно влијае на нашиот сексуален живот.

Loading...

Фаримонд вели дека звукот на пораките, повиците и различните апликации ни го одвлекуваат вниманието дури и кога не сме свесни за тоа и ни оневозможува да се фокусираме на секс и романса.

 

 

– Мобилниот телефон во спалната соба е како портал кон надворешниот свет полн со стимули – вели тој и забележува дека поради ова мобилниот телефон е голема закана за сексуалниот живот, особено за помладите луѓе кои се најмногу поврзани со технологијата.

Едно истражување открило дека едно од пет лица на возраст од 18 до 34 години, исто така, користат мобилен телефон во спалната соба, а девет проценти од анкетираните признале дека имаат навика да го користат дури и за време на интимните односи.

„Невозможно е да се приближиме некому навистина, додека технологијата не мачи“, вели Фаримонд, додавајќи дека за да чувствуваме вистинска блискост со друга личност, треба да бидеме целосно опуштени.

Loading...

 

 

Затоа, верува тој, самото присуство на телефонот нѐ прави помалку емпатични и помалку грижливи, па затоа сме и полоши како партнери.

И лекот, објасни тој, е едноставен – да ги оставите електронските уреди во друга просторија навечер.

Покрај тоа, д-р. Фаримонд им советува на паровите дека најдобро време за секс е наутро пред појадок.

 

Loading...

 

– И, ако сакате да бидете посреќни, имајте повеќе секс – предложи тој, бидејќи сексот еднаш неделно го зголемува задоволството од животот, исто колку што би го зголемило значително зголемување на платата – тврди докторот за „The Sun“.