Општина Куманово ги информира граѓаните дека поради одржување на велосипедска трка во рамки на Европскиот олимписки младински фестивал Скопје 2025, на ден 24 јули (четврток), делови од сообраќајната мрежа во градот ќе бидат привремено затворени.
Трката се организира преку Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово, а стартот е предвиден во 10:00 часот, со завршница околу 13:30 часот и свечено доделување на награди на градскиот плоштад.
Во продолжение појаснување кои улици ќе бидат затворени, заедно со интерактивни мапи:
1. Улица „Гоце Делчев“
-
🔴 Целосно затворена за сообраќај
-
⏰ Од 05:00 до 16:00 часот
-
📍 Потег:
-
Од крстосницата со улиците „Доне Божинов“ и „11 Октомври“
-
До кружниот тек кај булевар „3-та Македонска ударна бригада“ и улица „Бајрам Шабани“
-
-
📌 Причина: Старт на велосипедската трка во рамки на EYOF 2025
2. Булевар „3-та Македонска ударна бригада“
-
🟠 Временски затворен за сообраќај
-
⏰ Во периодот на минување на велосипедистите
-
📍 Потег:
-
Од кружниот тек (со „Гоце Делчев“)
-
До крстосницата со регионалниот пат R1204, кај црквата „Св. Мина“
-
-
📌 По потреба ќе се дозволува премин на возила
3. Регионален пат R1204
-
🟠 Временски затворен
-
📍 Потег:
-
Од крстосницата кај „Св. Мина“
-
До објектот „Алфи“, кај крстосницата со патот А2
-
-
📌 Ќе има дозволени премини за возила кога нема велосипедисти на патот
4. Регионален пат А2
-
🔴 Целосно затворен за сообраќај
-
📍 Потег:
-
Од крстосницата кај „Алфи“
-
До Меморијален центар АСНОМ во Пелинце, Општина Старо Нагоричане
-
-
📌 Без дозвола за сообраќај за време на одржувањето на трката
Никола Ивановски
Напомена: Интерактивните мапи не се изготвени од стручни лица