Работата на учителите обично не се смета за опасна професија, но за неколку храбри членови на едно училиште на Филипини, утринското возење наликува на екстремен спорт.
Овие учители мора да се спуштат низ дури 14 реки за да навремено стигнат на работа, пишува Дејли мејл.
Учителите поради тоа мораат да облекуваат водоотпорно одело, а книгите и останатиот прибор го ставаат во пластично ќесе, за да не се намократ.
На снимката која е направена на 19. септември се гледаат учители кои влегуваат во брза планинска река која ги носи низводно, а потоа пливаат во спротивна насока за да дојдат до брегот.
Филипинскиот претседател уништи автомобили вредни 1,2 милиони евра (ВИДЕО)