Овие три држави е најтешко да се освојат, а еве и зошто

Сподели со своите пријатели

Британскиот „Индепендент“ од сајтот „Квора“, кој служи како сервис за прашања и одговори, уште во 2015 година пренел ставови на автор од тој сајт за тоа кои се трите држави во светот кои е најтешко да бидат освоени.

Loading...

Станува збор за Швајцарција, Нов Зеланд и Русија, а секој од авторите дал и свое мислење зошто мисли дека токму таа земја е најтешко и скоро невозможно да се освои.

Автор Вансан Матаи  – Швајцарција

Тоа што е опкружена со планински венци и помогнало на Швајцарија многу во текот на инвазиите. Во 19 век усвоен е одбранбен план за користењена Алпите како блокада против освојувачите. Овој план овозможил изградба на градби во алпскиот регион и се продолжило и по Втората светска војна кога опасноста од Советска инвазија била голема.

Швајцарската војска со жица ги поврзала целите планини и инфраструктурата како патишта и мостови за да ги крене во воздух во случај на инвазија за да на освојувачите им го отежне влегување во земјата. Покрај тоа, многу тунели, бункери и тврдини се изградени во внатрешноста на планините и се во состојба да ја примат комплетната домашна воена дивизија.

Иако Швајцарија има околу 150.000 луѓе во активна воена служба, во случај на инвазија на располагање може да стави скоро четири милиони граѓани со уште три милиони подготвени за служење.

Автор Марк Бинфилд – Нов Зеланд

Најблиската копнена маса му е на околу 2.250 километри одалеченост од Австралија, која и самата не е близу до Азија или било што друго. Значи, мака би била да се донесат трупи и се останато. Австралија е добар кандидат од слични причини, помалку е изолирана, но има голема копнена маса и посурова клима. Да се започне инвазија на Австралија би било полесно, но би било потешко да се заврши.

Loading...

Првото место што се однесува на непристапноста на нациите оди на Исланд. Не смао што е среде северниот Атлантик, туку нема ни големи пристаништа. Покрај тоа, пејсажот на Исланд е исполнет со планини, полиња прекриени со лава и глечери.

Автор Игор Шемјакин – Русија

Како што историјата докажала, најтешка за освојување е Русија. Самата големина на нејзината територија би ја направила инвазијата тешка – помислете само на сета логистика која е потребна.

Со тоа, климата варира од многу топла во текот на летото до вистински премрзнување во зимскиот период со огромни врнежи од снег. И не заборавајте го пејсажот кој вклучува планини, остри шуми, огромни мочуришта и многу реки.

Покрај сето тоа, тука се и Русите кои војувале и воделе герилски битки илјадници години. Ниту една војска не била доволно голема да ја задржи под контрола целата руска територија.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *