Овие настани и личности го одбележале денешниот ден низ историјата

Сподели со своите пријатели

14 август е 226-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (227-и во престапна година). Остануваат 139 денови до крајот на годината. Овие настани и личности овој ден го впишале во историјата.

Loading...

Mainz_psalter_(Fust_and_Schoeffer)

Настани:

1457 година –  Гутенберговата печатница во Мајнц ја издава првата печатена книга во боја – „Мајнцишки псалтир“ (на сликата) отпечатена во црвена и црна боја.

1784 година – На островот Кодијак покрај Алјаска основана е првата руска колонија. Во 1867 година САД ја купуваат Аљаска од Царска Русија за 7,2 милиони долари.

1893 година – Франција воведува регистрација на моторните возила.

1941 година – Втора светска војна: Официјално е објавен текстот на Атлантската повелба потпишана од британскиот премиер Винстон Черчил и американскиот претседател Франклин Рузвелт .

1945 година – Јапонија ги прифаќа условите за предавање на сојузниците во Втората светска војна.

Loading...

1947 година – Пакистан добива независност од британската Индиска империја под администрација на Велика Британија и се приклучува на Комонвелтот.

1949 година – Формиран е Македонскиот фудбалски сојуз.

2009 година – За 7 часа 42 минути и 32 секунди македонскиот пливачки маратонец Томи Стефановски го преплива каналот Ла Манш. По Нико Нестор во 1959 година и Атина Бојаџи во 1969 година, тој е третиот Македонец што го препливал каналот кој го дели Британскиот остров од останатиот дел од Европа.

Petar_Pop_Arsov

Родени:

1714  година -Клод Вернер — француски сликар.

1740 година – Пиј VII — римски папа.

1777 година – Ханс Кристијан Ерстед — дански физичар.

Loading...

1867 година – Џон Голсворди — англиски писател и Нобелов лауреат, автор на познатата трилогија „Сага за Форсајтови“.

1868 година – Петар Поп Арсов — македонски револуционер, основоположник на Македонската револуционерна организација.

1876 година – Алекандар Обреновиќ — српски крал.

1912 година – Френк Опенхајмер — американски физичар.

1915 година – Видое Смилевски – Бато — македонски народен херој, истакнат револуционер и општествено-политички работник.

1919 година – Раде Јовчевски – Корчагин — македонски народен херој.

1945 година – Елена Кожухарова — македонска поетеса.

1959 година – Меџик Џонсон — американски кошаркар.

Loading...

1983 година – Мила Кунис — американски филмска актерка.

1984 година – Џорџо Кјелини — италијански фудбалер .

1986 година – Робин Седерлинг — шведски тенисер.

1987 година – Матео Работини — италијански велосипедист.

1987 година – Јакопо Гварниери — италијански велосипедист.

 

Loading...

Починале:

1464 година – Пиј II — римски папа.

1484 година – Сикст IV — римски папа.

1941 година – Пол Сабатје — француски хемичар и добитник на Нобелова награда.

1942 година – Алексеј Троицки — руски шаховски композитор.

Loading...

1956 година –  Бертолт Брехт — германски писател.

1958 година – Фредерик Жолио-Кири — француски физичар и Нобелов лауреат.

1977 година – Александар Лурија — руски невролог и психолог.

1988 година – Енцо Ферари — италијански конструктор на спортски автомобили.

2004 година – Чеслав Милош — полски писател и нобеловец.

Loading...